Sunday, January 25, 2015

xxx

И тогаш ги слушнав тие зборови. Тие зборови, излегоа од неговата уста. Зборовите кои толку копнеев да ги слушнам. За прв пат во мојот живот ги слушнав, но сега изгледаа како чиста лага. За прв пат во животот не ми значеа, не допреа до мене. Го кажа тоа току ладно, толку безчувствително. А најлошото беше тоа што и јас го чувствував истото. Му признав, му реков дека го сакам, не лажев, но не бев сигурна во тоа. Истиот момент кога го реков тоа зажалив. Знаев како ќе заврши, јас ќе бидам повредента, кутра девојка која поверува на неговите лаги, се заљуби во неговите очи, се ежеше од неговиот бакнеж и чезнееше по неговиот допир, а тој ќе биде фраерот во друштвото кој успеа да додаде уште една на неговиот список, неговиот долг список со искористени девојки. Но, не и овој пат фраеру. Овој пат ти ќе бидеш моја играчка, ќе танцуваш на мојата музика, ќе играш според моите правила. Улогите се сменија фраеру, во играта наречена љубов која ја играме, ти ќе бидеш губитникот. Некогаш со часови го чекав твојот повик, но сега треба да бидеш среќен што воопшто ја кревам слушалката, постојано правев отстапки, но не и сега фраеру, нема повеќе да ги менувам моите планови за тебе. Ќе ме молиш за трошка внимание, но јас ќе бидам со друг, правејќи го сето она кое тебе ти го ветив. Ќе го направам среќен, како што требаше да те направам тебе. Ќе биде среќен со тоа што ме има, ќе ме цени и почитува, ќе ме сака и заштитува онака како што ти не умееше. И на крај крајева за инат на тебе ќе бидам најсреќна.


- Ивана Стојаноска 

Девојката со ледено срце: Прво нема да ја гледаш кога е тука, а потоа ќе ти ...

Девојката со ледено срце: Прво нема да ја гледаш кога е тука, а потоа ќе ти ...: Не дека нема да ти недостига. Далеку од тоа. Ќе ти треба во секој момент за да ја пополни онаа чудесна празнина која остана после неа. Ќе ти...